МАКЕДОНСКИ БРЕНД SIGNORI: Се што треба да знаете за едно одело на преклоп како The Double Breasted Suit

Одело на преклоп веднаш е поистоветувано со прочуените ганкстери од 1940 години или пак со моќните банкари oд 1980 години, но тоа повторно се појавува на модната сцена. Денес оделата на преклоп претрпеле неколку промени имаат пократки ракави и се пострукитани за разлика од поранешниот нивен изглед. Еве се што треба да знаете за овој похрабар избор на одело, од  неговиот правилниот фит па се до пригодата кога да го носите.Модерното одело на преклоп е пософистицирано за разлика од неговиот изглед во минатото. Сакото треба да биде блиску до торзото, должината секогаш е подолга од класичниот блејзер и e со широк шпиц ревер, за да се постигне илузија на пошироки рамена. 
Кога да носите одело на преклоп?
 Mногу е ретко да се види маж во Македонија којшто носи вакво одело, но тоа е дефинитивно правилен избор доколку одите на свадба или на некаква прослава. Тоа не само што ја покажува вештината на кројачот, туку и самодоверба која ја имате и веднаш ќе ве одвои од другите мажи во просторијата. Оделото на преколп не е одело за секој ден, ДА можете да го носите на работа, меѓутоа кога одите на работно интервју сепак задржете се на основните бизнис бои.
Многу важен дел кај едно одело на преклоп се копчињата 6 x 2  ова значи дека од 6 копчиња само 2 се закопчуваат. На сакото од внатрешната страна  се наоѓа уште едно копче кое е закопчано во секое време.
Оделото на преклоп секогаш ќе привлече внимание без сомнение, единственото прашање е што ќе направите со тоа внимание.
www.signori.mkМодерното одело на преклоп е пософистицирано за разлика од неговиот изглед во минатото. Сакото треба да биде блиску до торзото, должината секогаш е

Пронајдете не на следниве мрежи: