Фото: Што има во гардероберот на Оливија Палермо

Младата дама Оливија Палермо е олицетворение на современата модна икона. Нејзиниот раскошен и индивидуален стил привлекува силно внимание не само во Њујорк, туку и на места ширум светот. Таа полага голем труд во еклектиката на нејзиниот физички изглед и го надополнува со автентичен избор на модни додатоци. Оваа млада дама е честа мета на модните критичари, и на нејзино големо задоволство критиките ретко кога биле негативни. Доколку се прашувавте што има во плакарот на Оливија Палермо, сега е моментот да погледнете.

Како и повеќето луѓе така и Оливија има цела соба полна со модни богатства. Многубројните дизајнерски креации го преплавуваат орманот од спалната соба на ѕвездата, која наликува на луксузен бутик. Во овој моден хаос расфрлани се најразлични модни искушенија, детали и предмети.

На прв поглед плакарот на Палермо е уреден како аптека, за да може лесно да се детектираат секојдневните рутини во градењето на нејзиниот стил. Во интервју за магазинот Grazia, таа изјави дека внимателно ја комбинира облеката и ја закачува. Уште една интересна информација е тоа што таа користи посебна листа, каде ги одбележува дизајнерските креации кои таа ги има.

Орманот на Палермо е најмногу исполнет со фустани и блејзери, а она по што е препознатлива е нејзиниот афинитет кон панталоните во риги. Изобилството од  чанти, чевли и фантастични парчиња накит се само дел од компонентите кои ја надополнуваат нејзината богата модна приказна. 

Фото: Fashionel.mkМладата дама Оливија Палермо е олицетворение на современата модна икона. Нејзиниот раскошен и индивидуален стил привле

Пронајдете не на следниве мрежи: