Што НЕ смеете да носите оваа сезона?

Ако секогаш ги следите модните трендови и изгледате одлично, треба да знаете и што треба да избегнете оваа сезона. Додека пругите, маиците со принтови и весели бои се добредојдени и ја освежуваат секоја комбинација, со фустаните кои не ја следат линијата на половината и со проѕирните сандали оваа сезона треба да внимавате.
Цветен примерок
Цветниот дезен секогаш се провлекува низ пролетните комбинации. Овој весел дезен повикува од секој излог, но не би требало да изгледате како цветна ливада. Подобро определете се само за едно флорално парче на облека – другото нека биде еднобојно.

Фустани без половина
Додека дамите од почетокот на минатиот век уживале носејќи таканаречени „flapрer“ фустани, секој обид за оживување на истите во гардеробата на модерните жени би можел да заврши со модно промашување. Фустаните кои наликуваат на вреќи, кои го прават вашето тело подебело, заменете ги со такви, кои убаво ги нагласуваат облините и половината.

Куси костуми
Модните критичари иако ги опишуваат како млади весели браќа  на строги работни костуми, многу жени имаат проблеми со нивната намена. Кусите панталони претставуваат голем проблем, кои во никој случај не се опција за работните состаноци, а целокупната комбинација од друга страна е недоволно лежерна за слободното време.

Проѕирни сандали
Чевлите со проѕирни детали не наидоа на одобрување кај модните критики. Освен што потсетуваат на потпетици кои ги сретнуваме во порно филмовите, никој не може да го негира евтиниот впечаток кои го оставаат.

Црна боја
Во зима не можеме да им одолееме на црната и сивата боја, но сега е време да ги оставите во плакарот и да се свртите кон силните пролетни бои. Светлите комбинации го освежуваат вашиот изглед, а ведрите бои ќе придонесат за оставање позитивен впечаток. Истото правило важи и за ноктите, кои се добредојдени во сите бои – од пастелни варијанти до сини и зелени тонови. Направете свежина на вас и на вашите нокти.

Изгледајте убаво како и секогаш и потрудете се да не си дозволите ваков промашај оваа сезона.Ако секогаш ги следите модните трендови и изгледате одлично, треба да знаете и што треба да избегнете оваа сезона. Дод

Пронајдете не на следниве мрежи: