Руска приказна раскажана преку модна колекција

Благородништво, нежност и авангардност! Овие епитети се инсипирацијата за новата модна колекција на докажаната македонска дизајнерка со несекојдневен вкус Олгица Ѓоргиева.
Како што објаснува Оглица, новата колекција ќе биде исполнета со голема доза на префинетост и нежност, одлики на благородничките жени, кои споени со модернизмот и авангардноста носат одличен производ кој љубителите на високата мода ексклузивно ќе го видат на Модната недела Скопје, Пролет Лето, Април .
Темата на колекцијата “Руска приказна”  автентично говори за карактерот на колекцијата, преку која Олгица ќе го доближи до македонските дами надалеку препознатливиот руски женствен изглед и стил. Во ателјето на креаторката на големо се подготвува впечатливата колекцијата која според она што може да се погледне од скиците на моделите дефинитивно нема да остане не забележана.

Засега Олгица открива дека се користени материјали од свила, тантела,кадифе,памук, вештачко крзно. Моделите ќе бидат збогатени со модни додатоци кои асоцираат на Русија и кои ја доволуваат потребната слика за колекцијата. Останува да ја дочекамe колекцијата и уживаме во ревијата на Олгица Ѓорѓиева на 6 Април.

Благородништво, нежност и авангардност! Овие епитети се инсипирацијата за новата модна колекција на докажаната македон

Пронајдете не на следниве мрежи: