Без разлика дали е мал, голем, светкав или ненаметлив, накитот секогаш мора да биде дел од вашата комбинација. Дали се работи за дневна комбинација, или вечерно излегување, не е важно, добро избраниот накит секогаш совршено ќе го дополни вашиот изглед. Следниве парчиња накит ќе се вклопат добро во речиси секоја комбинација. Погледнете за што станува збор:
1. Рачен часовник
Секоја дама која држи до себе и до својот изглед, мора на својот зглоб да има рачен часовник. Без разлика дали е старински или ултра модерен, (зависи од вашиот стил), часовникот ќе прати порака дека сте сериозна личност која се грижи за себе, за своето време како и за она на нејзините соработници.
2.Бисерни обетки
Нежни бисерни обетки секогаш ќе го надополнат вашиот изглед. Одлично се комбинираат и во дневни и во вечерни комбинации. Ќе ви ја донесат таа нишка на софистицираност што е потребна во секој изглед и комбинација. Понекогаш и наједноставните парчиња облека ќе добијат друга димензија само со овој детал.
3. Привезок во форма на срце
Освен што овој моден додаток е секогаш модерен, може да послужи и за чување на слика од блиска и сакана личност. Ова е најромантичното парче накит на оваа листа, кое е најпопуларно кај тинејџерките и младите девојки.
4. Златна алка
По можност од вистинско злато, а не бижутерија. Дава софистицираност и одреден ретро изглед ако се носи само една. Може да ги искомбинирате повеќе заедно, и да добиете посвеж и помодерен изглед.
5. Прстен
Нежен прстен со бисер, дијамант или било какво камче е недодолив на женската рака. Можеби е најженственото парче накит воопшто произведено. Не е важно дали е бижутерија или не, важно е да знаете да го носите и да биде лесно вклоплив во секоја комбинација. Прстенот е секогаш добра инвестиција.
Пронајдете не на следниве мрежи: