Занаетчиска комора Скопје и Турскиот културен центар „Јунус Емре“ вечерва во Старата скопска чаршија, во Чифте амам, ја организираат манифестација „Македонско – Турска вечер“ која претставува Културен мост на зближување на двата народа.Манифестацијата е посветена на пренесување на убавите народни обичаи, запознавање со културата и традицијата на живеење на турскиот и македонскиот народ во Република Македонија преку ракотворби, музика, традиционална храна, национални носии и обичаи,која ќе се организира традиционално секоја година, а занаетчиската комора Скопје ќе организира вакви настани со различни партнери за сите народи кои живеат во Република Македонија.
Со оваа манифестација се посакува да се презентира културата и традицијата на македонскиот и турскиот народ кои живеат во Македонија преку градење на мостови за пријателство,толеранција и живеење заедно во мир и пријателство. За македонската музика ќе биде задолжена Виолета Томовска, а ќе има настап на инструментална група со саз. Претходно ќе има сплет на македонски и турски ора, а програмата во 19.15 завршува со дегустација на турска храна.
На настанот ќе присуствува и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.
Извор:Republika.mkМанифестацијата е посветена на пренесување на убавите народни обичаи, запознавање со културата и традицијата на живеење на турскиот и мак