Волт Дизни, великанот на анимациите и човекот кој е „одговорен“ за многуте цртани кои го обележаа нашето детство е роден на 5 декември 1901 година, а овој свет го напушти кон средината на декември во 1966 година.Во негова чест еве неколку интересни работи за неговиот живот и работа.
Љубовта кон анимацијата ја почувствувал уште како дете, бидејќи израснал на фарма во Мисури каде за активно дете и немало многу начини како да се забавува. Тогаш започнал да црта, а неговите први „модели“ биле коњите на соседите.
Го напуштил школувањето на 16 година, одлучен да се приклучи на американските воени сили. Го одбиле бидеќи бил малолетен, но успеал да се вработи како возач на амбулантно возило во францускиот Црвен крст.
Иако многумина мислат дека Мики Маус е неговата прва креација, се лажат. Цртал се и сешто во првото студио „Лафограм“, а потоа потпишал договор со „Универзал“ и го нацртал среќниот Зајак Освалдо.
Кога го напуштил студиото, не му било дозволено Освалдо да го земе како свое авторско дело, туку морал да нацрта нов лик како самостоен уметник.
Мики Маус во оригинал се викал Мортимер, но сопругата на Дизни сметала дека тоа име е премногу помпезно и дека публиката нема лесно да го запамети. Предложила името да се скрати на Мики, а Волт подоцна името Мортимер го дал на ривалот на Мики Маус.
Цели 20 години, Дизни го давал гласот за Мики, но интересно е дека никогаш не анимирал. Според пишувањата на американските медиуми, повремено го цртал Мики без анимации, а најчесто тоа било кога некој ќе го замолел за автограм.
Освен на цртани филмови, Дизни работел и на воени пропагандни филмови, како и видео материја за обучување на американската војска.
Кога е во прашање наградата Оскар, Волт Дизни повеќе пати бил номиниран или поточно освоил златна статуетка повеќе од било која друга позната личност. Од 1932 до 1969 година, номиниран е 59 пати, а Оскар добил 22 пати, како и четири почесни.
На доделувањето на Оскарите во 1938 година, организаторите му врачиле една нормална и седум мали фигури за филмот „Снежана и седумте џуџиња“.
Неговиот омилен лик не бил Мики, туку кучето Шиљо.
Омилената песна со која работел била „Feed the birds“ од Мери Попинс.
Постои необична приказна дека објаснува зошто голем број од ликовите на Дизни филмовите немаат мајка или се одвоени од неа. Волт Дизни ваквите приказни го привлекувале бидејќи и самиот се обвинувал за смртта на својата мајка. Мајчинската љубов и односите со деца се многу чувствителна тема за него.
НЕГОВИТЕ ПОСЛЕДНИ ЗБОРОВИ СЕ МИСТЕРИЈА
Волт Дизни починал како последица од рак на белите дробови во 1966 година, а неколку дена пред смртта правел белешки. Неговите последни запишани зборови се сметаат за име на еден актер.
Дизни на лист напишал „Курт Расел“. Да, сега знеме кој е тој, но таа година Расел бил релативно непознато момче кое само што започнало да се занимава со актерство. Американските медиуми го прашале Расел во една прилика дали знае поради што му бил во умот на кралот на цртаните. Неговиот одговор бил дека се сретнале неколку пати, но не биле блиски. До дене, Курт Расел, ниту јавноста не знаат зошто Дизни го напишал баш неговото име.
ОБОЖУВАЛ ХОТ-ДОГ
Не ги јадал повремено, туку секојдневно. Во фрижидер во секоја просторија во која поминал дел од своето време морало да има виршли и лепчиња. Сакал да ги јаде студени, како ужина меѓу два оброци.
Интересно е дека кантите за отпад во Дизниленд се поставени на точно 25 чекори од најблискиот штанд со хот-дог. Дизни еднаш измерил колку точно му треба да изеде хот-дог, па мислел дека е добро на таа далечина да постави канта во која ќе може да се фрли ѓубрето и да се продолжи понатаму
НЕ Е ЗАМРЗАТ
Не е познато кој воопшто ја покренал приказната дека Волт Дизни е замрзнат со помош на криогена технологија. Не, Дизни е креминан и урната е положена на гробиштата Forest Lon во Калифорнија.
Во негова чест еве неколку интересни работи за неговиот живот и работа.
Љубовта кон анимацијата ја почувствувал уште како дете, бидејќи изр



