Филмот на австрискиот режисер Михаел Ханеке „Љубов“, кој ја раскажува приказната за остарена брачна двојка соочена со тешка болест, е најдобриот филм за 2012 година, според оцената на Американското друштво на филмски критичари.
Според мислењето на шеесетината најавторитетни американски филмски критичари, филмот „Љубов“ донесе значајни признанија и за режисерот Муахел Ханеке за режисер на годината, а ѕвездата на неговото дело Емануела Рива е прогласена за најдобра актер. Најдобар актер на годината е прогласен Даниел Деј-Луис за ролјата на поранешниот американски претседател во историскиот филм „Линколн“, додека најдобри споредни улоги оствариле Метју Мекконогеј во машка конкуренција во филмот „Magic Mike“ и Ејми Адамнс во филмот „Master“. Прогласувајќи го за филм на годината „Љубов“, се покажува дека американските филмски критичари повеќе се свртени кон европските филмски остварувања ценејќи ги повеќе европските, како што е на пример Канскиот филмски фестивал кој на филмот на Ханеке му ја додели Златната палма, отколку американските филмски награди од кои најмногу му припаднаа на еден од претендентите за Оскар, филмот „ Zero Dark Thirty“ на Кетрин Бигелоу, филмот кој се занимава со организацијата на ловот и ликвидацијата на светскиот терорист Бр,1, Осама бин Ладен, поранешниот лидер на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда. Американските филмски критичари го доделија признанието за најдобар документарен филм на годината на „The Gatekeepers“ за израелските безбедносна агенција Шин Бет. Тони Кушнер ја доби наградата за најдобро сценарио за филмот „Линколн“, додека наградата за најдобра камера му припадна на филмот „Master“. Наградата за најдобар експериментален филм ја доби филмот „This Is Not a Film”, а двете специјални награди за придонес на кинематографијата го добија Лоренс Кардиш, виш филмски кустос во Музејот за современи уметности и Milestone Film and Video за проектот Ширли Кларк. Наградите на американските филмски критичари се меѓу последните кои се доделуваат пред прогласувањето на номинациите за Оскарите во четврток, 10-ти јануари. Свеченото доделување на Оскарите ќе се одржи на 24-ти февруари, а филмот „Љубов“ е австриски кандидат во категоријата за најдобар филм на странски јазик.