Монсерат Кабаље ќе го одржи првиот концерт по преживеаниот мозочен удар

 

Славната оперска дива Монсерат Кабаље по преживеаниот мал мозочен удар, својот прв концерт ќе го одржи на 11-ти ноември на сцената на најголемата концертна сала „L'Auditori“ во Барселона.

Сите приходи од концертот се наменети за борбата против ракот.

Во моментов Монсерат Кабаље сѐ уште се наоѓа во болницата „Sant Pau“ во Барселона, каде што беше хоспитализирана на 21-ви октомври, веднаш по враќањето од турнејата во Русија.

Два дена претходно, во хотелот пред нејзиниот концерт во Екатеринбург, на 79-годишната пејачка ѝ се слошило, таа ја загубила свеста и паднала. Кабаље беше префрлена во локалната болница каде што лекарите дијагностицираа мал мозочен удар и скршеница на рамото. Сепак одби хоспитализација во Русија и претпочиташе да се врати во Барселона. Поради болеста на пејачката беа откажани следните концерти и турнеи.
Лекарите веруваат дека оваа седмица откако ќе заврши процесот на рехабилитација, светската оперска ѕвезда ќе може да биде отпуштена од болницата.
Монсератат Кабаље е познат во целиот свет по нејзината виртуозна техника на пеење белканто и настап во главните ролји во класичните италијански опери на Росини, Белини и Доницети. Меѓународна слава пејачката ја стекна со 1965 година, кога поради болеста ја замени американската оперска ѕвезда Мерилин Хорн во партијата на Лукреција Борџија, истоимената опера од Гаетано Доницети.

Потоа во кариерата играше повеќе од 90 улоги и сними повеќе од 80 албуми. Како веќе светски афирмирана ѕвезда со Фреди Меркјури легендарниот фронтмен на британската рок група Квин, со кого ја снимија композицијата „Барселона“, која стана химна на летните олимписки игри 1992 година во Барселона.

Макфакс

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: