Изложбата која беше поставена во неколку градови на источна и југоисточна Европа, пристигна и во Белград.
Работниот наслов е “Климт во Белград” и е по повод 150 години од раѓањето на Густав Климт.
Ќе бидат изложени висококвалитетни репродукции на 16 дела. Покрај познатата слика “Бакнеж”, тука е “Хигија” и “Пријателки II” на кои оригиналите изгореле во дворецот Имендорф во Австрија.