Ѕвездите го открија рецептот за успех: На никого не му кажувај за своите планови, па ќе сакаш повеќе да ги постигнеш, а никој при тоа нема да те одврати од нив. Вашите лични цели се баш тоа, ваши и лични.Значи нема потреба да ја алармирате својата околина секој пат кога ќе донесете некоја нова одлука.
Овде не се работи за тоа дека на вашето семејство и пријателите им е напорно да слушаат за сите ваши желби и соништа, ниту за потребата за таинственост и индивидуалност. Се работи за едноставна психолошка поставка. Секој пат кога на некој ќе му се пофалите за вашите нови планови, вашиот мозок почнува да смета дека еден дел од работата веќе сте го направиле.
Тогаш почнувате да се чувствувате задоволни само со себе, а нагонот кој ве натерал да тргнете кон одредена цел полека почнува да спласнува и веќе не чувствувате потреба за тоа достигнување. Кога ќе тргнете во некој нов преокт, напрво пробајте да се имресионирате самите себе, со тоа што сте го почнале и работете на него, а тек потоа пробајте да ги освоите другите.
Како тоа го прават познатите?
Ова е и една од причините што многу пејачи, како Бијонсе, Радиохед или Дрејк, во последно време постигнаа големи успеси со своите „изненадни“ албуми, кои никој не ги очекуваше. Можно е таинственоста да се припише на осмислени маркетиншки трикови, но тишината во врска со новите проекти на ѕвездите, сигурно им осигурала сталожена работна околина, без непотребно мешање од јавноста, без страв од неуспех, а на крај и одредена доза самозадоволство во процесот.
Работата на албумите во тајност на популарните музичари им овозможува производот од нивната работа да не потпадне под влијание на надворешните фактори, како што се политичките или друштвените превирања. Покрај тоа, ако немате потреба да се пофалите со секој свој неуспех, зошто би се фалеле баш со секој, па дури и најмал успех?
Помалку зборење и повеќе работа
Фалењето за идните проекти може да биде контрапродуктивно од една причина. Ги кревате повисоко очекувањата во очите на другите, а ако тие очекувања не успеете да ги исполните, најчесто паѓате пониско од она што било ваша стартна позиција.
Значи престанете да се задоволувате само со зборови и пуштете вашите дела да говорат наместо вас. И не заборавајте дека после секој успех важно е длабоко да издишете и добро да се одморите пред да ви дојдат нови идеи.
Кога сте премногу активни на социјалните мрежи и секогаш објавувате слични работи, на луѓето ќе им станете досадни, па ќе почнат да ве игнорираат. Ако ја сведете својата активност на минимум, ќе привлечете многу повеќе внимание.
Скромност
Немојте премногу да се занесувате и да се фалите со првите успеси, затоа што тие би можеле да се претворат во неуспеси, ако заборавите на скромноста, која ве донела до нив.
Фокус
Жалејќи се на околината за препреките во вашите проекти го тргнувате фокусот од важните работи, значи за маните зборувајте само со соработниците на тие проекти.
Значи нема потреба да ја алармирате својата околина секој пат кога ќе донесете некоја нова одлука.
Овде не се работи за тоа дека на вашето



