петок, 20 ноември 2026
Најново

Седуммесечно бебе почина од морбили во Тирана

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Бебето неколку дена било во Одделот за реанимација, но поради компликаци и појава на бронхопневмонија, докторите не можеле да му го спасат животот.На Клиниката за детски болести во Тирана од морбили почина седуммесечно бебе, јави дописникот на МИА.
Бебето неколку дена било во Одделот за реанимација, но поради компликаци и појава на бронхопневмонија, докторите не можеле да му го спасат животот.
Бројот на заболени од мали сипаници во Албанија се искачи на 80, главно деца кои не примиле вакцина против оваа заразна болест.
Според епидемиолог од Институтот за јавно здравје во Тирана, Адела Васили, околу четири отсто од албанската популација не е вакцинирана против морбили.
– Само во Тирана има околу 1.300 деца кои наполниле една година, а родителите им ја одлагаат вакцинацијата, дел од нив поради негативната пропаганда дека наводно по добивање на вакцината против морбили кај детето се јавува аутзам, што не е точно, вели Васили.
Таа апелира до родителите да не потпаѓаат под вакви влијанија и децата да ги вакцинираат што е во интерес на нивното здравје.  (МИА)На Клиниката за детски болести во Тирана од морбили почина седуммесечно бебе, јави дописникот на МИА.
Бебето неколку дена било во Одделот з

Поврзани вести