Радмила Рада Матиќ од Виена, со која вдовецот Зоран Марјановиќ се допишувал 23 дена по убиството на неговата сопруга, пејачката Јелена Марјановиќ Крсмановиќ, синоќа потврди дека се допишувала со Зоран.Таа открила досега непознати детали за неговиот живот. Во една емисија, таа без влакна на јазикот го навредувала Марјановиќ.
„Мислам дека Јелена е жртва на секта. Ми се чини дека Јелена е приложена како жртва. Верувам дека Зоран е припадник на секта, бидејќи без престан зборувапе за витезите на Христос и дека тој го има клучот за спасот“ – изјавила Матиќ и додала:
„Тоа допишување траеше од 18 до 20 дена. Мислев дека тој е убиецот и го навредував, на што тој не ми одговори. Откако медиумите објавија дека убиецот на Јелена се обеси, повторно му напишав порака со извинување за она што му го реков, на што тој ми одговори.
Се` додека не ми прати фотографија со малата Јана, не верував дека станува збор за вистински профил, односно дали тој навистина се допишува со мене по трагедијата“ – наведува детално Рада.
Таа, исто така верува дека Зоран е припадник на секта.
„Тие пораки не ми беа нормални, ми велеше дека имам проблем, дека тој ќе ме спаси, спомнуваше клуч за спасение за кој никогаш порано немав слушнато. Продолжив да се допишувам со него бидејќи сакав да си докажам себеси дека тој е член на секта“ – изјавила Рада.Таа открила досега непознати детали за неговиот живот. Во една емисија, таа без влакна на јазикот го навредувала Марјановиќ.
„Мислам



