Македонската поп дива Калиопи не успеа да се пласира во финалето на годинашното 61. издание на Евровизија што се одржува во Стокхолм, Шведска и покрај маестралната изведба на „Дона”, напишана од Ромео Грил.Таа настапи како осма во втората полуфинална вечер што се одржа синоќа, но не влезе меѓу десетте кои изборија пласман во финалето, кое ќе се одржи оваа сабота.
И покрај одличниот глас и настап на Калиопи за која ова е вторпат да ја претставува Македонија на Евровизија откако во 2012-та година со песната „Црно и бело“ успеа да се пласира во финалето, сепак започнаа шегите на социјалните мрежи на нејзина сметка.
Коментарите гласат дека Калиопи била малку гладна на сцената на Евросонг и пеела за донер ќебапи. Дона, за многумина било слично на донер, па така, шегите се дека таа пее за храна.
– Можеби е грешка, но звучеше како Калиопи да пее за донер ќебапи.
– Какви ќебапи сакате? – Донер, донер, донер…
– Ова е најемотивната песна за ќебапи…
– Сакам да гласам за Донер, донер, донер…
– Донер, донер, донер ќебап…гладен сум…
Ова се само дел од коментарите за Калиопи и нејзината изведба, но сигурно таа ќе ја прифати шегата. Едно е сигурно, изведбата беше феноменална!Таа настапи како осма во втората полуфинална вечер што се одржа синоќа, но не влезе меѓу десетте кои изборија пласман во финалето, кое ќе се одржи


