„Таа е мојата девојка.“Ако ви е веќе смачено да читате за Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет, бидејќи го преплавија интернетот периодов, тогаш престанете да читате.
А за останатите, кои не можат да се заситат од нивната љубовна приказна, еве една интересна изјава на Лео од 2004 година. Во шоуто на познатата Опра, фледач од публиката го прашал Ди Каприо за неговиот омилен филмски бакнеж. Тој одговорил: „Ќе се одлучам за оној со Кејт Винслет, класика!“
Опра продолжила со клип од Кејт, во кој зборувала за снимањето со Ди Каприо во Титаник во 1998: „Бев возбудена како сите жени во публиката за Лео. Си помислив, леле, ќе работам со најзгодниот актер на свет! Го запознав подобро и сфатив дека е пријатен, љубезен и навистина талентиран.“
Одговорот на Ди Каприо? „Таа е моја девојка.“
Тој продолжил: „И го чувствував истото кон неа. Таа е прекрасна особа. Ја обожавам од моментот кога ја запознав. Снимањето со неа беше вистинско уживање.“
Ако ви е веќе смачено да читате за Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет, бидејќи го преплавија интернетот периодов, тогаш престанете да читате.



