Гоца Божиновска рекла дека се плаши дека нејзиниот син Мирко Шијан не заврши како неговиот таткоЗоран Шијан, кој бил убиен пред 16 години. Во разговор за српските весници таа рекла дека поради својот наследник често плаче, но раскажала и шокантна информација за тоа дека се дрогира.„Личи на својот татко, го има темпераментот на Шијан, многу се грижам за него. Тој ми е најголемиот проблем во животот. Никогаш не сум заспала додека не се врати дома. Главно е со своите пријатели , но кој да знае кога децата ќе се напијат. Плача поради него, се нервирам. Многумина го гледаат поинаку бидејќи му е син на Шијан и мој, па се грижам намерно да не го провоцираат и да не му се случи нешто лошо. Шијан така и настрада“, рекла пејачката.
Таа додала и дека го натерала синот да направи тест за дрога.
„Со денови купував некои домашни тестови за дрога и го терав Мирко да ги направи. Еден ден се изнервирав и сфатив дека е поделотворно да го одведам да извади крв. На тоа се одлучив бидејќи лудуваше неколку дена, не застануваше, постојано излегуваше. Го извлеков од кревет и му реков да појде со мене. Се согласи под услов да му платам 100 евра. Му платив! За среќа, резултатите се покажаа негативни“, додава Гоца.
Пејачката расажала дека бара од Мирко да ѝ кажува кога излегува, како и што мисли за тоа дека нејзиниот син да се вработи.
„Не знам што би можел да работи. Ма со што да се занимава во оваа земја кога нема работа? Помалата ќерка заврши факултет, а не можеме да ѝ најдеме работа“, додала пејачката.„Личи на својот татко, го има темпераментот на Шијан, многу се грижам за него. Тој ми е најголемиот проблем во животот. Никогаш не сум



