Подгответе се сите фантазии да ви паднат во вода…Се сеќавате на Даниел Крејг (47)? Оној секси, набилдан, угледен русокос кој го глуми Џејмс Бонд и по кој лудуваат жените ширум светот? Е па, подгответе се сите фантазии да ви паднат во вода. Тој неодамна се појави како гостин во една емисија на ВВС и покажа како всушност изгледа, кога од себе ќе го симне целиот оној 007 аксесоар.
Големиот заводник кој ги скрши срцата на жените ширум светот кога се ожени со оскаровката Рејчел Вајс, всушност воопшто не личи на Џејмс Бонд од големото платно. Актерот после снимањето на најновото продолжение за тајниот агент 007 „Spektre“ ослаби неколку киограми, а сите оние секси мускули некаде исчезнаа.
Исто така престана и да се фарба, бидејќи тоа го правел само за потребите на снимањето, па сега има некоја чудна изветреана боја на косата.
Со очила како на бубалица, некоја ни најмалку привлечна шишка преку челото и џемпер – Даниел навистина ги уништи сите сексуални фантазии кои жените ги имаа за него.
Жал ни е ако ви го уништивме впечатокот за него…Но, ниту на нас не ни е лесно!
Даниел врати се!
Се сеќавате на Даниел Крејг (47)? Оној секси, набилдан, угледен русокос кој го глуми Џејмс Бонд и по кој лудуваат жените ширум светот? Е па, подгот



