Американската приватна метеоролошка служба AccuWeather, објави сезонска прогноза за Европа за претстојната зима според која западниот и централниот дел од континентот го очекуваат бројни снежни бури и опасност од поплави, а источна Европа ја чека блага зима, дури и натпросечно топла.Долги периоди на суво време се очекуваат на поголем дел од Балканскиот Полуостров, а по поплавите кои делови од Балканот ги погодија во август, пристигнува сушна зима со подолги топли и натпросечно топли временски периоди.
Условите за бури во овој регион ќе бидат послаби и не се очекува повторување на големи поплави, додека се очекува снег помал од просекот на Динарските Планини, балканските планини и Карпатите.
Не се очекуваат подолги периоди на студ и ниски температури, а дури кон крајот на зимата се можни повремени периоди со пониски температури, односно температури кои се вообичаени за зима, но севкупно температурите ќе бидат прилично повисоки од нормалните нивоа.
Долги периоди на суво време се очекуваат на поголем дел од Балканскиот Полуостров, а по поплавите кои делови од Балканот ги погодија во август, при