Српските таблоиди со денови наназад објавуваат монтирани слики од новата претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ. Конечно е познато дека таа фотографија не е автентична и дека на неа не се наоѓа Колинда Грабар-Китаровиќ. Но, затоа хрватскиот „24 sata“ дојде до вистинска фотографија од новата хрватска претседателка.Таа била фотографирана во 2013 година на Корнати и очигледно е дека претседателката на државата знае дека нејзиниот шарм и сексапил можат да ѝ помогнат во подобрувањето на политичкиот имиџ.
Сепак, тоа може да не им се допаѓа на сите во нејзината партија, како што не му се допаѓало на нејзиниот поранешен шеф, Иво Санадер.
Додека била шефица на хрватската дипломатија во Владата на Санадер, таа не криела дека знае со својот шарм да се избори за популарност во највисоките дипломатски кругови. Секако, повеќето биле мажи…Популарноста на Колинда пораснала вртоглаво, па постојано била на мета на светските фоторепортери.
Тоа не му се допаднало на нејзиниот шеф. Љубоморен и завидлив, Санадер сакал да го задржи монополот на позицијата „најомилен хрватски политичар во меѓународните кругови“, па Колинда набрзо била сменета и пратена во Вашингтон.
Во хрватската политика, прашањето за жените, шармот и убавината, по правило, било коментирано и доживувано како сексистичко. Грабар Китаровиќ тоа можела би можела да го промени. А, што ќе се случело доколку во хрватска повторно бил избран маж за претседател?
„Сигурно немаше да се пишуваат вакви работи“, убеден е еден искусен хрватски дипломат, кој тврди дека привлечниот изглед на Китаровиќ е предност.
„На жените им е потешко да дојдат до високи позиции бидејќи сè уште зборуваме за машки свет, но еднаш кога ќе успеат, тогаш може да бидат во предност“, вели дипломатот.
Таа била фотографирана во 2013 година на Корнати и очигледно е дека претседателката на државата знае дека нејзиниот шарм и сексапил можат да ѝ помо



