ПРЕСТАНА ДА ЛУДУВА: Погледнете со што денес се занимава Тајчи!

Во 80-те и 90-те години, Тајчи беше една од најпопуларните пејачки на нашите простори, а тогаш одлучи да се откаже од музичката кариера и да се пресели во Америка.Татјана Матејаш Тајчи, денес живее во Америка и заедно со сопругот Метју Камерон, работат на интернет шоуто „Waking up in America“.
Имено, таа во првата епизода од втората сезона, открила дека нејзината цел е да ги инспирира другите и да ги поттикне да го живеат животот со полна пареа.
„Многу од моите гости доживеале будење по претрпени болести или губењата на саканите. Со својата емисија сакам да им покажам на гледачите дека секој од нас може да се разбуди и да продолжи понатаму, без разлика колку нешто може да биде тешко. Не е едноставно, но дефинитвно може да се направи тоа“, рече таа.
Тајчи сама признала дека во животот се соочила со многу тешки моменти, но сфатила дека промените во животот може да се направат само ако постои внатрешна желба за тоа.
„Сакам своите гледачи да ги поттикнам да живеат со повеќе љубов, радост, слобода и храброст. Патувајќи низ Америка, запознав различни луѓе, чии приказни навистина ме имаат инспирирано. Сакам сега да ве инспирираат и вас“, искрено рече Тајчи.Татјана Матејаш Тајчи, денес живее во Америка и заедно со сопругот Метју Камерон, работат на интернет шоуто „Waking up in America“.

Пронајдете не на следниве мрежи: