Познатиот водител ја анимираше публиката во студиото, но и гледачите, со тоа што се шегуваше со Цеца.Покрај острите расправии кои го одбележаа најновото издание на „Пинкови ѕвезди“, Милан Калиниќ посебно го привлече вниманието со своето интимно обраќање кон Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Водителот се осмели пред поширокиот аудиториум да каже дека позајмил долна облека од Цеца и дека не му е баш удобно во неа. Сѐ почна откако Калиниќ беше обвинет дека ѝ ги украл обетките.
Цеца: Врати ми ги обетките! Обетките Милан, врати ми ги обетките!
Милан: Не знам за што зборуваш. Ајде, те молам кажи му на Милован што да прави понатаму.
Цеца: Зборувам за обетките. Ја чекам втората песна, а ти врати ми ги обетките!
Харис: Крадецу!
Марина: Ти требаат за вечер, за што? За после емисија?
Милан: Ѝ ја украдов долната облека на Цеца. Ете, тоа го земав!
Цеца: Е, не го направи тоа!
Милан: Малку ме стега… друга песна, друга песна…
Бидејќи нашиот кандидат ја испеа и втората песна, Милан го дочека со малку поизменет стајлинг. На ушите ги стави обетките на Цеца, кои се во облик на крст. Овој потег ги воодушеви сите.
Членовите на жирито, но и публиката, се сложија околу една ситница: дека супер му стојат!Покрај острите расправии кои го одбележаа најновото издание на „Пинкови ѕвезди“, Милан Калиниќ посебно го привлече вниманието со своето



