Во изминатите 10 поминати епизоди од шоуто “Твоето лице звучи познати”, нашата Елена Ристеска имавме прилика да ја видиме во десет улоги, машки и женски, како пее и танцува, а во некои од нив покажа и актерска умешност.Досега покажа многу лица, беше Северина, Бритни , Нина Бадриќ, Џенифер Лопез, Кристина Агилера, Харис Џиновиќ, Џеси Џеј, Есма, Оливер Драгојевиќ, ја видовме и во улогата на Кармен, но во недела нема да ја гледаме, само ќе ја слушаме.
Ова не значи дека нема да биде на сцената, туку со оглед на тоа дека и падна да ја имитира пејачката Сиа, која има необичен стил кога станува збор за нејзините настапи, секогаш носи перика и настапува свртена со грб кон камерите, овој пат така ќе биде поставена и Елена. На сценските настапи на Сиа фокусот е ставен на танчарите, а лицето не и се гледа, па така и Елена во полуфиналето нема да ја видиме само ќе ја слушаме како ќе ја изведува „Chandelier”.
Веќе од неделава во шоуто ќе се вклучи и публиката и на сите десет натпреварувачи, вклучувајќи ја и нашата Елена ќе им бидат потребни гласовите на публиката кои заедно со оние од жирито ќе одлучат кои петмина ќе одат во финалето и ќе се борат за наградата вредна 25.000 евра која ќе ја проследат во хуманитарни цели.
Според досегашниот пласман, Елена е на средина од табелата, прва е Јелена Гавриловиќ, а втор Бане Мојичевиќ.Досега покажа многу лица, беше Северина, Бритни , Нина Бадриќ, Џенифер Лопез, Кристина Агилера, Харис Џиновиќ, Џеси Џеј, Есма, Оливер Драгојевиќ, ј



