Деветчлениот бенд од Србија чија музика ја опишуваат како микс од реге, хип хоп и блуз- МВП, периодов вредно работи на своја промоција и надвор од рамките на Балканот.Тие потпишаа договор со мобилниот оператор „Теленор“ за промоција на нивниот нов албум во 182 земји, а од албумот „Устани“ веќе се издвојуваат неколку хит нумери, а песната „Милион миља“ си доби и свој видеозапис во кој се појавуваат глумците од популарниот филм „Монтевидео“.
Фронтменот Бане Лалиќ најавува промоција на албумот на фестивалот „Пиволенд“ кој ќе се одржи од 20-24 август на Скопското Кале во Скопје, но и добра журка на веќе мегапопуларните „Целу ноч и цели дан“ „Идемо горе“, „Волим кад те волим“ итн.
Новиот видео запис ќе може да го погледнете на следниот ЛИНКТие потпишаа договор со мобилниот оператор „Теленор“ за промоција на нивниот нов албум во 182 земји, а од албумот „Устани“



