Американскиот гигант Си-Би-Ес ја враќа серијата за добрите вештерки на малите екрани, а дел од новите епизоди ќе се снимаат во Белград.Славните Фиби, Пајпер и Пејџ наскоро се враќаат на малите екрани, а уште повеќе изненадува фактот дека продуцентите на серијата контактираат со филмскиот сектор во Србија за некои епизоди да се снимаат баш таму.
Србија има закон кој не дозволува враќање на данокот на филмските работници од странство, па затоа странските филмаџии често ја одбегнуваат Србија, а од тоа последици трпи филмскиот фонд, кој изгубил најмалку 100 милиони евра.
Останува да видиме дали познатите актерки, на чело со холивудската ѕвезда Алиша Милано ќе дојдат во Србија за потребите на серијата. Како и да е, на голема радост на нивните фанови, од наредната година повторно ќе ги просведочиме маѓичните авантури на „Волшебничките“.
Славните Фиби, Пајпер и Пејџ наскоро се враќаат на малите екрани, а уште повеќе изненадува фактот дека продуцентите на серијата кон



