Визија – единствен бенд од Македонија во финалето на престижниот фестивал Миксер во Белград

Културната организација Миксер ги објави резултатите од регионалниот конкурс за бендови, каде што беа пријавени бендови од сите држави од регионот, а стручното жири избра 16 кои ќе настапат на претстојниот “Миксер Фестивал” 2014.Покрај македонскиот бенд Визија, кој неодамна беше дел и од финалето на најстариот европски рок фестивал – „Заечарска Гитаријада“, помеѓу финалистите се и: Apмуши, Julеѕ Vеrne, Lаtе for coffee, Lоrnа Wing, Luz Аzul, MuѕеTrаp, Ѕnооp Bunny & dr. G,Ѕiеmprе Pеligrоso и Bизeљ од Србија, Media Stress од Хрватска и Voodoo Mojo од Босна и Херцеговина.
Финалистите покрај настапот, ќе бидат застапени и на официјалниот производ на фестивалот – компилацискотo CD: Double Dare: New power, кој ќе биде издаден пред почетокот на фестивалот, а целиот приход од неговата продажба ќе биде уплатен во фондот за загрозени од поплавите. 
Миксер ќе се одржи од 5 до 8 јуни 2014, а настапот на Визија е закажан за 7 јуни со почеток во 20:30 часот. 
Инфо за бендот на следниот ЛИНКПокрај македонскиот бенд Визија, кој неодамна беше дел и од финалето на најстариот европски рок фестивал – „Заеча

Пронајдете не на следниве мрежи: