Кончита Вурст: Уште во градинка и ја крадев облеката на мајка ми и глумев девојче

Повеќе не можев да живеам во лага. Пред осумнаесеттиот роденден на родителите им реков дека сакам момци. Ги преживеав сите осуди бидејќи имам челични нерви и тврда кожа, вели Томас Нојвирт (25).Австријанецот кој денес пее во женска облека и со густа брада под псевдонимот Кончита Вурст, додава дека никогаш не би успеал без поддршката на родителите.
– Бад Митерндорф е малечко село, сите знаат што се случува во него и се трачари повеќе отколку по градовите. Ме навредуваа поради сексуалната ориентација на мојот син, но се` поднесував стоички бидејќи неговата среќа секогаш ми беше на прво место – вели мајка му Хелга (52). За да и се оддолжи за се` што направила за него, Томас пред Евросонгот во Данска го истетовирал нејзиниот лик на грбот. Иако никогаш не го сакала трајното осликување на телото, Хелга веднаш се препознала себеси на телото на нејзиниот син и се воодушевила.
„Ако мајка ми можела да ме раѓа повеќе од 12 часа, моите четири боцкања со игла се ситница“, се шегува Кончита.
„Кога ќе се облечам како девојка, постојано се дотерувам, одам во женски тоалет и позајмувам сјај за усни од другите девојки. Како дечко сум мрзелив и не внимавам на себе како и голем број од фраерите“, се смее Томас.
Тој додаде дека најсигурно се чувствувал во поткровјето од својата куќа бидејќи таму никој не го осудувал.Австријанецот кој денес пее во женска облека и со густа брада под псевдонимот Кончита Вурст, додава дека никогаш не би успеал без поддршката на род

Пронајдете не на следниве мрежи: