Пресврт во случајот за смртта на Пол Вокер!

По речиси шест месеци откако актерот Пол Вокер трагично загина во сообраќајна несреќа, како и Роџер Родас кој управуваше со автомобилот, сопругата на Родас, Кристин, покрена судска тужба против германскиот производител на автомобили, тврдејќи дека тие се виновни за смртта на нејзиниот сопруг…Вдовицата на возачот на автомобилот во кој загина Пол Вокер го тужи „Порше“, пишува ТМЗ. Актерот и Роџер Родас загинаа во сообраќајна несреќа кон крајот на минатата година.
Кристин Родас тврди дека сообраќајката ја предизвикал дефект на возилото „Порше Карера ГТ“. Во тужбата наведува дека нејзиниот сопруг се обидел да го задржи автомобилот на патот, но не успеал поради недостаток на дел од автомобилот. Иако вештаците утврдија дека Родас во моментот на несреќата возел 150 километри на час, неговата вдовица вели дека не возел пребрзо.
Кристин додава дека поради техничкиот недостаток на автомобилот дошло до експлозија поради која нејзиниот сопруг и Вокер изгореле во автомобилот. Во спортските автомобили постои дел кој спречува горивото да се запали доколку дојде до судир, а „Порше Карера ГТ“ тоа го нема.Вдовицата на возачот на автомобилот во кој загина Пол Вокер го тужи „Порше“, пишува ТМЗ. Актерот и Роџер Родас загинаа во сообраќајна н

Пронајдете не на следниве мрежи: