Oткако ги наполни Билјанини извори еднаш, а „Борис Трајковски“ двапати, еден од најдобрите пејачи на Балканот, Жељко Јоксимовиќ, ќе ја полни и националаната арена „Филип Втори“.Јоксимовиќ на голем концерт во Скопје доаѓа на 21 јуни, а организаторите го најавуваат како спектакл на досега најголемата концертна сцена воопшто направена во Македонија, со најдоброто озвучување што некогаш воопшто е донесено во Македонија. Јоксимовиќ со овој концерт ќе ја почне својата летна концертна турнеја.
– Македонија ја има најгласната, но и најверната публика. Еднаш реков, во Македонија немој да пееш ако не знаеш. И сега го велам истото. Затоа во јуни ќе почнам од Скопје. Затоа што вие знаете да пеете, а и затоа што знам дека тој концерт на националната арена ќе биде идеален почеток на една голема концертна турнеја – изјави Жељко Јоксимовиќ.
Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба веќе од четврток по промотивна цена од само 200 денари за трибина и 250 за партер до 10 јуни. Влезниците пак за оние најголемите фанови кои што сакаат да влезат во зоната за најверни обожаватели, ќе чинат 400 денари и се во ограничен број. Јоксимовиќ на голем концерт во Скопје доаѓа на 21 јуни, а организаторите го најавуваат како спектакл на досега најголемата концертна сцена воопшто



