Фото: Како изгледала Анџелина Џоли во средношколските денови?

Не сме изненадени дека една од најубавите актерки на планетава- Анџелина Џоли пленела со несекојдневна убавина уште како мала. Таа на само 14 години запливала во манекенските води, а секако тоа се должи на нејзината божествена убавина која на сите им го одзема здивот и може да се забележи на фотографиите кои ги издвоивме денес за вас.

Прекрасната актерка за прв пат на големото платно се појавува уште како дете заедно со нејзиниот татко Џон Војт во филмот Lookin' to Get Out (1982), но нејзината вистинска филмска кариера започнала десет години подоцна со најслабо-буџетната продукција Cyborg 2 (1993). Нејзината прва главна улога во „поголем“ филм е во сајбер-трилерот Hackers (1995).

Таа зад себе има неколку бракови со актерите Џони Ли Милер и Били Боб Торнтон. Моментално нејзин партнер е актерот Бред Пит со кого има три три биолошки деца, Шајло и близнаците Нокс и Вивиен и три посвоени деца Медокс, Пекс и Захара.

Анџелина Џоли важи за една од најубавите жени на светот. Оваа титула и помогнала да се прослави и пробие во светот на филмот. Покрај актерството, таа се обиде да ги докаже своите режисерски способности на големото платно, и е активен промотер на хуманитарни акции низ светот.

Не сме изненадени дека една од најубавите актерки на планетава- Анџелина Џоли пленела со несекојдневна убавина уште ка

Пронајдете не на следниве мрежи: