Видео:Српскиот македонски зет Гага Лубуриќ ја сели кариерата во Македонија

Гага Лубуриќ кариерата од Србија ја сели во Македонија. Со песната “За години сто” која има и спот Гага ќе го направи дебито на нашата музичка сцена. Гага е име за кое допрва ќе се чуе кај нас, иако тој воопшто не е дебитант во светот на музиката, од едноставна причина што досега работел само во соседна Србија. Пионерските чекори на македонската музичка сцена ги прави поради неколку причини, а главната е тоа што неговото срце го зароби Македонката Весна и што тој од неодамна живее кај нас и е македонски зет. Зад првенчето со наслов “За години сто” стојат Славиша Киброски, автор на музиката и аранжманот, и Огнен Неделковски, кој е потписник на текстот, а спотот е дело на К-тим продукција.Видеото е работено на неколку локации низ Скопје, како Старата чаршија, и во него освен Гага се појавува и преубавата Маријана.Гага Лубуриќ кариерата од Србија ја сели во Македонија. Со песната

Пронајдете не на следниве мрежи: