Темнокосата убавица може да се пофали со витко тело, за кое и завидува и бремената сестра Ким.
„Видете ја мојата мала сестра. Навистина и завидувам на висината “, искоментира Ким откако Кендал ги постави на Instragram нејзини фотографии во бикини од Санторини.
Убавата бринета е без сомнение совршен избор за кампањата на колумбиската линија AguaBendita за костими за капење.
Иако таа е меѓу најмладите членови на семејството Кардашијан, Кендал се занимава со манекенство и работи напорно, пренесува Daily Mail. Откако уживаше со своето семејство во Грција, младата Кендал веднаш се врати на работа. Тинејџерката има снимено реклами, во која го покажува своето спектакуларно тело и тен на сет покрај базен.
Ѕвездата на реалното шоу нејзините жешки фотографии ги постави на Твитер. “Се уште не се наспав од патувањето, а сега и цел ден на работа, искоментира на фотографиите на кои не се гледа никаква трага од замор на нејзиното убаво лице.
Инаку, Кендал и нејзината сестра Кајли Џенер (15), исто така, лансираа своја сопствена модна линија за PacSun, која е полна со шорцеви и мини топови за девојки од плажа.Темнокосата убавица може да се пофали со витко тело, за кое и завидува и бремената сестра Ким.