Монструмот ПРИЗНА: „Го клоцав и газев бебето до смрт“

Куртиш Куртиши (25), кој на монструозен начин го уби својот едногодишен син Д.М., сега на секој начин се обидува да се извлече од затвор, тврдејќи дека си го убил синот бидејќи на него влијаеле наркотиците и алкохолот, дознава српски Ало.Одбраната на Куртиши е полна со нелогичности, бидејќи тој изјавил дека се сеќава дека бебето плачело, па земал да го смири, а бидејќи не успеал, се изнервирал, го подигнал бебето високо над глава и го треснал од подот во куќата во Земун!
Раскажал и дека не се сеќава на сите детали и повреди, кои му ги нанел на бебето. Иако во полиција признал дека го претепал бебето, Куртиши вчера кај обвинителот само молчел.
– Тој во полиција раскажа дека не се сеќава на сѐ, но кажа дека бебето било немирно и дека плачело, па затоа тој го земал од креветот и го фрлил на под. Наводно не знае какви повреди му нанел кога го клоцал и го газел. Во полиција не покажувал никакви знаци на каење, па и тоа укажува на отсуство на емоции. Тој одлучил кај обвинителот да се брани со молчење, изјави извор за Ало.

Полицијата се сомнева дека Куртиши во моментот кога го убил бебето бил под дејство на мешавина од наркотици и други психоактивни супстанци.
– Тој комбинираше инхаланс, поточно лепак и разредувач со алкохол и лекови „амизол“ и „напроцилин“. Инхалансите ја менуваат состојбата на свеста и можат да предизвикаат неконтролирано агресивно однесување. А комбинацијата од алкохол и лековите „амизол“ и „напроцилин“, го доведуваат човекот првично во мирна состојба, а неколку часа подоцна предизвикуваат психоза, неконтролиран напад на бес особено ако личноста која ги конзумира мисли дека некој ја иритира или на некој начин провоцира, додава изворот.Одбраната на Куртиши е полна со нелогичности, бидејќи тој изјавил дека се сеќава дека бебето плачело, па земал да го смири, а бидејќи не успеал, се

Пронајдете не на следниве мрежи: