Откриен ДЕТАЉ од судницата кој ГИ ЗГРОЗИ сите: Кога беше осуден на 40 години затвор Драган не ни трепнал!

Суботица – Месарот Драган Ѓуриќ од Сурчин не ни трепнал кога судијката Гордана Којиќ соопштила дека за убиството на Тијана Јуриќ (15), тој е осуден на 40 години робија. Ѓуриќ за сето тоа време незаинтересирано гледал во подот, на неговото лице не можела да се забележи никаква емоција, а делувал како да не знае каде се наоѓа. Истовремено на лицата на полицајците, судската порота, тужителите и таткото на Тијана се видело големо олеснување кога судот ја соопштил казната.
Како што објасни претседателката на судскиот совет, Ѓуриќ со едногласна одлука е осуден на 12 години за обид за силување и на 40 години за тешко убиство, па му е изречена единствена казна од 40 години затвор.
Исклучителна бруталност
Судијката објаснила дека е утврдено дека Ѓуриќ во моментот на злочинот имал намалена способност на расудување, но незначајна.
– Оваа пресуда не е донесена под притисок на јавноста, туку поради исклучителна бруталност на самото кривично дело. Тој се обидел да има сексуален однос со малолетната Тијана Јуриќ, и како што сам во својот исказ кажа, кога ја удрил со автомобилот, ја ставил на задното седиште во автомобилот, а потоа жртвата изгубила свест. Кога дошла при свест, го запрел автомобилот, ја извлекол надвор, ја соблекол и се обидел да ја силува. Додека ја допирал и своите прсти ги ставал во нејзиниот полов орган, ѝ велел: „Ќе биде се во ред, потивко, ќе смислиме што ќе правиме“ – рече судијката, и продолжи:

 
Одбраната се жали
– За да го прикрие обидот за силување бидејќи не постигнал ерекција, тој на жртвата и го стегал вратот со рацете, кога таа постигнала најголем степен на болка. Тогаш ја ставил жртвата во гепек, возел, и кога видел депонија помеѓу Светозар Милетиќ и Чонопље, тука ја закопал. Младата девојка во односот со него била беспомошна, а во страв и Ѓуриќ покажал голема суровост.
Адвокатот на Ѓуриќ, Виктор Гостиљац најави дека ќе се жали на пресудата.
Таткото на Тијана плачеше
СЕ НАДЕВАВ НА ОВА За време на читањето на пресудата Игор Јуриќ сето време плачел.
– Благодарност до сите кои од почетокот беа покрај моето семејство. Пресудата е токму онаква каква што се надевав и очекував дека ќе биде. Правдата никогаш нема и не може да биде задоволена, но судството покажа дека има сила и дека мора да биде на страна на децата и на страната на жртвите – вели таткото на починатата Тијана. Ѓуриќ за сето тоа време незаинтересирано гледал во подот, на неговото лице не можела да се забележи никаква емоција, а делувал како да не знае каде

Пронајдете не на следниве мрежи: