Дали Гвен Стефани и Гавин Росдејл раскинуваат?

Има гласини дека Гвен и нејзиниот сопруг Гавин раскинуваат, но дали е ова точно?

 

Парот се запозна во средината на 1995 година. Почнаа да излегуваат и подоцна на 14 септември 2002 се венчаа во Лондон.

 

Во 2004 беше објавена веста дека Росдејл има 15 годишна ќерка, Дејзи од претходната врска со моделот Перл Лои. Иако Стефани беше потресена поради веста, тие успеаја да го решат ова и ги прекинаа сите контакти со фамилијата Лои. Стефани и Росдејл имаат два сина, Кингстон и Зума.

 

Низ годините имаше многу гласини за нивната наводно нестабилна врска, меѓутоа парот ги демантираше сите можности за раскинување. Во септемември годинава, Стефани изјави: ,, Гавин ме балансира и никогаш не престанувам да му се допаѓам, што е навистина одлично! Тоа прави да се чувствувам среќно, фактот дека на некого му се допаѓам толку многу како што на него му се допаѓам”.

 

Но, близок извор на Стефани вели дека тие биле доста приврзани и се смееле премногу, но дека тоа повеќе не се случува. Исто така додава, дека во последните две години тие поминуваат се помалку време заедно и дека имало месеци кога тој не би ни бил дома.

 

Како ви звучи? Дали навистина парот се соочува со раскинување или ова се само гласини?

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: