Испразнет сефот на ЕВН – од крадецот ни трага, ни глас

Полицијата трага по крадец кој украл сеф на ЕВН во Струга, а во кој имало над 15.000 евра, потврдија од МВР.Кражбата се случила во саботата ноќта во наплатниот пункт на „ЕВН – Македонија” во трговски комплекс на Кеј 8 Ноември во Струга.
„Сторителите со употреба на сила влегле во деловната просторија и одзеле сеф во кој, според кажување на одговорното лице, имало 935.000 денари, по што побегнале. Полициската станица од Струга презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот”, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.Кражбата се случила во саботата ноќта во наплатниот пункт на „ЕВН – Македонија” во трговски комплекс на Кеј 8 Ноември во Струга.

Пронајдете не на следниве мрежи: