четврток, 12 ноември 2026
Најново

Од утре снег низ цела Македонија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето во Македонија ќе биде облачно, попладне со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од три до 11 степени.
Во Скопје ќе биде облачно, попладне со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе достигне до девет степени.
Од недела земјава ќе ја зафати студена и влажна воздушна маса која ќе услови врнежи од снег. Во крајниот југоисток врнежите ќе бидат најпрво од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат ноќта во недела и во понеделник во текот на денот, особено во западните и јужните делови.
До вторник се очекува да наврнат над 30 л/м2 воден талог. Насекаде ќе се формира снежна покривка од околу 10 сантиметри, а на планините значително зголемување на истата (над 30 сантиметри).Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од три до 11 степени.
Во Скопје ќе биде облачно, попладне со врнежи од дожд

Поврзани вести