четврток, 12 ноември 2026
Најново

Уште две малолетнички од „25 Мај“ се бремени

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Уште две малолетни девојчиња од ЈУ „25 Мај“ се трудни. Едното ја прекинало бременоста, но второто не сака да абортира и инсистира да го роди бебето, објави „Независен весник“.Засега уште не е официјално потврдено дали и овие две малолетнички биле злоупотребувани, како што беше случајот со 13-годишното девојче кое ја дигна јавноста на нозе.
Од ниту една институција не информираа дека има и други трудни малолетни девојчиња од истиот дом во кој беше сместена и 13-годишната Р.И. која абортираше пред неколку дена.
Стевчо Соколовски, директорот на установата каде што се згрижени деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение, вчера поднесе оставка од морални причини. Од Основното јавно обвинителство и натаму молчат и не одговараат зошто досега не презеле никакво дејствие за да ги санкционираат насилниците, кога уредно ги добивале кривичните пријави од полицијата.Засега уште не е официјално потврдено дали и овие две малолетнички биле злоупотребувани, како што беше случајот со 13-годишното девојче кое ја дигн

Поврзани вести