Градоначалникот Борис Георгиевски и директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, при универзитетскиот клинички центар, Д-р Викторија Јовановска, ја посетија мајката и првороденото бебе, жител на општина Гази Баба во 2018 година. На Биљана и Александар Димови од населбата Железара, бебето Глигор, им е второ дете. Братчето на Глигор, Никола има 5,5 години.
Градоначалникот Георгиевски на Биљана Димова и посака успешнa, среќнa и весела 2018 година, а на бебето Глигор, многу здравје, убаво и безгрижно детство. На Биљана и Александар Димови од населбата Железара, бебето Глигор, им е второ дете. Братчето на Глигор, Никола има 5,5 години.


