Албанската нафтена компанија „Gulf oil“ влегува на македонскиот пазар преку фирмата „Сан Петролеум“, и тоа со ребрендирање на бензинската пумпа „Супертрејд“, објавува порталот „Журнал“, повикувајќи се на сопствени извори, пренесува Нетпрес.„Оваа бензинска пумпа, како што дознаваме наскоро ќе почне да работи под капата на албанскиот бренд и ќе почне да ги пласира нивните производи“, се вели во текстот.
Дел од медиумите веќе ја отворија оваа афера и сомнежите дека се отвара простор на македонскиот пазар за пласман на неквалитетна албанска нафта.
Имено, пред нешто повеќе од два месеци медиумите пишуваа дека фирми од Македонија веќе на големо вршат увоз на неквалитетна нафта од Косово. Како аргумент беше изнесен фактот дека царинските работници на Косово блокирале 40 цистерни со нафта за влез од Албанија. Тогаш беше наведено дека станува збор за количината од милион литри неквалитетна нафта. На списокот компании кои годинава правеле увоз од Албанија, медиумите ги наведоа Алов Илинден – Скопје, Црна Река Петрол од Кавадарци, Супертрејд- Скопје, Гуливер инженеринг- Скопје и Дади Оил од Виница.„Оваа бензинска пумпа, како што дознаваме наскоро ќе почне да работи под капата на албанскиот бренд и ќе почне да ги пласира нивните производ