Атентатот на претседателот Киро Глигоров во 1995 година, го извршиле луѓе блиски до тогашниот албански претседател Сали Бериша, открива албанскиот мафијаш Изет Хаџија, во изјава за албанскиот весник Дита.„Бериша со атентатот над Глигоров сакаше да постигне свои политички цели. Луѓето кои ја поставија бомбата и со неа се обидоа да извршат атентат, беа припадници на тогашните албански служби и полиција“, изјави Хаџија за албанскиот весник.
„Атентатот на Глигоров до ден денес останува мистерија. И покрај изјавите на тогашните власти дека обидот за ликвидација на сега веќе покојниот претседател, ќе се разреши во најскоро време, македонската јавност и по неколкуте истраги не ја дозна вистината и овој случај сѐ уште не е заклучен.‘‘
Изет Хаџија во периодот кога се случил атентатот важел за близок на Бериша, а истовремено бил и телохранител на неговите најблиски соработници. Во моментов се наоѓа во бегство во Турција, каде што се обидува да ја избегне казната за неколку убиства за кои е гонет од албанските власти.
Во серија интервјуа за Дита, тој ги објавува најстрого чуваните тајни на Сали Бериша и албанското подземје.
Фото: Денешен„Бериша со атентатот над Глигоров сакаше да постигне свои политички цели. Луѓето кои ја поставија бомбата и со неа се обидоа да извршат атент