Попсимонова од Шарената револуција: Ало СДСМ, не ми се допаѓаат сдсмовските интриги, во вас гледам ароганција, самобендисаност, целосна заслепеност

„Ова го пишувам затоа што од ден во ден гледам сé повеќе мои разочарани соборци. Некои од нив најавуваат и повикуваат на апстиненција на претстојните избори, а беа во првите редови на отпорот“, пишува професорката Гордана Попсимонова во својот текст објавен на Фејсбук.-И не ме импресионира, ама ич не ме привлекува, па дури и ме разочарува и разгневува, кога истиот вокабулар на навреди, спинови, клевети и местенки го гледам меѓу нас. Под „нас“, момчиња и девојки, дами и господа и другари и другарки од СДСМ, не ве подразбирам само вас, вашата партија, вашите општински, централни или републички одбори. Простете, ама морам да бидам отворена и јавно да ви кажам дека вие (СДСМ) не освоивте 400 и кусур илјади гласови на последните избори, за сега да си дозволувате комотност за решавање на битни прашања според ваш партиски терк и заслуги. Освоивме НИЕ. Токму затоа, нашиот глас, колку и да е фејсбуковски конфузен и несмасен, сфатете го сериозно, конструктивно и добронамерно. Воопшто не сум среќна кога ваши членови ми продаваат м..а за бубрези и ме подучуваат на основните правила на политичката борба во плурален амбиент. Вака не оди, пишува професорката Попсимонова која е поддржувач на СДСМ, а беше дел и од Шарената револуција.

 
-А посебно не ми се допаѓаат сдсмовските интриги во дпмнеовски манир со општина Центар и препукувањата со Жерновски, како и калкулирањето со кандидатот за градоначалник на Скопје. Не ми се допаѓаат затоа што меѓу вас гледам ароганција, самобендисаност и нааканост, односно целосна заслепеност пред предизвикот на Големата слика, додава таа.

Ваквиот став на Попсимонова наиде на поддршка кај голем број членови и активисти на СДСМ, членови на НВО на СДСМ. Нејзиниот текст им се допаѓа и го споделуваат поранешниот генерален сектетар на СДСМ Ѓорѓи Спасов, Мери Николова, универзитетскиот професор Тито Беличанец, Перо Арсовски, екс-пратеничката Љубица Буралиева, како и граѓанскиот активист Џељо Хоџиќкој по доаѓањето на СДСМ во Владата стана директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците. Коментар не изостана ниту од новинарот поддржувач на СДСМ, Борјан Јовановски.
-И не ме импресионира, ама ич не ме привлекува, па дури и ме разочарува и разгневува, кога истиот вокабулар на навреди, спинови, клевети и ме

Пронајдете не на следниве мрежи: