Позначителна промена на времето со засилен ветер, пад на температурата за околу десет степени, локален пороен дожд и грмежи, најавува УХМР од понеделник.Утре ќе биде претежно сончево и топло, а така ќе биде и во недела, но во попладневните часови се очекува зголемување на облачноста. Кон крајот на денот и ноќта кон понеделник, облачноста ќе биде проследена со локален пороен дожд и грмежи.
Во понеделник ќе преовладува променливо облачно, ветровито и свежо време со локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Во западните делови од земјата на некои места се можни поинтензивни врнежи. Ќе дува засилен северен ветер, особено попладне што ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура за околу 10 степени, која ќе биде во интервал од 20 до 29 степени.
Според УХМР, од вторник ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамки на просекот за овој период од годината.Утре ќе биде претежно сончево и топло, а така ќе биде и во недела, но во попладневните часови се очекува зголемување на облачноста. Кон крајот на д