Мајката веднаш се обидела да ѝ помогна на својата ќерка, но за жал, не успеала. Таткото прелетал со автомобилот низ селото откако слушнал за трагедијата.Девојчето Н.Г.(11) е пронајдена обесена во својата соба во семејната куќа во селото Злот кај Бор. Таа на својата мајка ѝ река дека оди да ги лакира ноктите, но бидејќи не се појавила подолго време, домашните отишле да видат што се случува. Тогаш затекнале ужасна глетка- девојчето висело обесено на гредата од плафонот.
Мајката веднаш се обидела да ѝ помогне на својата ќерка, но за жал, не успеала. Бабата и дедтото веднаш го повикале нејзиниот тако и брза помош, чија екипа веднаш пристигнала. Докторите можеле само да констатираат смрт. Полиција исто така набрзо пристигнала на лице место.
Таткото прелетал со автомобилот низ селото откако слушнал за трагедијата. „Подоцна дознавме дека му јавиле за смртта на ќерка му, па поради тоа возел толку брзо“, рекла една од сосетките.
Тетката на настраданото девојче, Оливера вели дека ништо не укажувало на тоа дека Невена ја мачи нешто.
„Не знаеме што не снајде. Беше добра, весела и секогаш насмеана. Не можам да сфатам што можело да натера едно дете да крене рака на себе. Барем да беше тажна поради нешто и несреќна, да забележевме нешто, можеби ќе можевме да ѝ помогнеме и да спречиме да дојде до оваа трагедија. Сестра ми е избезумена од тага, не знам како ќе го издржи ова“, изјавила Оливера.
Мештаните на Злот тврдат дека таткото и дедото често се расправале, бидејќи чичкото бил склон на алкохол.
Во основното училиште „Петар Радовановиќ“ велат дека девојчето била примерна ученичка. Немала проблеми со учењето. „Многу ни е тешко. Беше дружељубива и секогаш имаше многу другарки и другари околу себе. Никогаш не се жалеше на проблеми. Ова навистина не потресе“, велат во училиштето.
Според неофицијални информации, девојчето не оставило проштално писмо. Од обвинителството велат дека во Зајачар стигнал налог за обдукција на телото кое е префрлено на Одделението за судска медицина во Бор. За сега не е откриен мотивот за оваа трагедија.Девојчето Н.Г.(11) е пронајдена обесена во својата соба во семејната куќа во селото Злот кај Бор. Таа на својата мајка ѝ река дека оди да ги лакира