Героски го смета Груевски за пречка за продажба на националните интереси

Едно од најударните пера на власта Бранко Героски, во неговата најнова колумна, „ Грујо во корпа, па после консензус за реформи!“ на неговиот портал „Плусинфо“ пишува дека СДСМ ќе ја изреализира Тиранската платформа, ќе го потпише договорот со Бугарија, ќе го смени името, но за тоа му требала поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, но за да ја добијат умало еден услов, а тоа  е Груевски да не е повеќе претседател на ВМРО-ДПМНЕ.„ Да собереме два и два четири. Новата влада ќе ги затвори спорните прашања со Албанците (нема веќе Голема Албанија), ќе потпише договор за добрососедство со Бугарија и ќе оствари напредок кон решение за спорот за името, без да се засегне нашиот идентитет, ќе стане членка на НАТО и ќе ги почне преговорите со ЕУ. “ Пишува Героски, во понатамошниот текст ословувајќи дека продажбата на националните интереси не е можна со Никола Груевски на чело на ВМРО-ДПМНЕ.
Заев уште пред да дојде официјално на позицијата премиер покаажа на што е спремен, во изјава за бугарската агенција „БГНЕС“  изјави дека македонците и бугарите се еден народ, што ги подгреа бугарските националисти како Димитров, кои како што кажа и самиот Димитров не мислеле дека ќе го доживеат денот кога македонски политичар ќе рече дека македонците и бугарите се ист народ.

Во минатиов период Никола Груевски, повеќе пати потенцираше  дека целта со која Заев е доведен на власт е промена на името и другите национални интереси, тоа само сега  Героски го потврдува.
„ Клучното заради кое што е започната операцијата ее промената на името, затоа што очигледно е дека процениле дека на поинаков начин тоа не може да се случи. И од она што сум информиран таа операција се води во четири фази, првата фаза е создавање на криза и дестабилизација на државата, второ компромитација на институциите и компромитација на власта, трето промена на власта ии носење на нова и четврто реализација на зацртаните цели.“

Тогаш Груевски потенцирашше дека само народот може тоа да го спречи. Имено Груевски е политичар кој ужива најголема поддршка од народот , за тоа е доказ резултатот од последните избори, токму затоа Героски перјаниците на власта по наредба на СДСМ највеќе удираат по Груевски, како единствен политичар кој е на линијата на бранење на македонските национални интереси.„ Да собереме два и два четири. Новата влада ќе ги затвори спорните прашања со Албанците (нема веќе Голема Албанија), ќе потпише договор за д

Пронајдете не на следниве мрежи: