четврток, 12 ноември 2026
Најново

Многу ги израдувате Бугарите, меѓутоа ги разочаравте Македонците

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пратеничката Емилија Александрова на денешната седница во Собранието му се обрати на премиерот Заев:
“За мене претставува господине Заев огромен скандал, предлогот за заменик министер госпоѓата Арта Точи која за Западна Македонија вели дека и е одземен дел на Албанија која вели дека била направена кардинална грешка во 13та година кога таа природно не припаднала на Албанија. Како господине Заев вие ќе го убедите македонскиот народ дека таа исста госпоѓа Точи ќе се залага за зачувување на македонските интереси и на националните интереси на нашата држава. Посебно кога доаѓа од партија чии лидер не го признава македонското знаме , не ја признава македонската химна,грбот и различни македонски обележја. Дали господине Заев вашите идни заменици министри ќе продолжат по патот на деструкции како замениците министри во рушење на споменици , затварање на факултети , дисперзирани студии веќе се затворени , реизбор на судии , легализација на дроги, проституција и легализација на геј бракови. Понатаму господине Заев каде е вашата заложба која беше еден предуслов за формирање на разни политички договори  за одвојување на државата од партијата или тоа беше само во времето на опозиција а сега за време на позиција не важи.”
Емилија Александрова побара од премиерот Заев да одговори на неколку прашања:
Господине Заев, морам, чувствувам обврска да ве повикам да одговорите на прашањето во врска со вашата посета во Република Бугарија. Многу ги израдувате Бугарите господине Заев  меѓутоа ги разочаравте Mакедонците. Дали знаете што еден бугарски историчар кажа во свое интервју на бугарска национална телевизија дека ваков договор би значел крај за македонизмот и формирање на една втора бугарска држава. Премногу го израдувавте господине Заев човекот не можеше да се начуди дека ќе доживее вакво нешто политичар да иде таму и да се договори за такво национално предаство.Пратеничката Емилија Александрова на денешната седница во Собранието му се обрати на премиерот Заев:
“За мене претставува господине З

Поврзани вести