Стопанствениците исплашени од најавеното зголемување на даноците

Професорот Трајко Славевски во дебатната емисија Анализа на ТВ 24 ја потсети македонската јавност на предизборните ветувања на СДСМ за повисока минимална плата уште во првата година. Исполувањето на предизборните ветувања на СДСМ ќе биде изведено со зголемување на даноците.Според него реформата во даночниот систем и воведувањето на рамниот данок  доведе до редовно плаќање на даноците, а во тоа се се согласи и професорот Ванчо Узунов.
Во земји во развој најважно е даночниот систем да биде едноставен и граѓаните да можат сами да го пресметаат. Рамниот данок носеше доволно приходи во буџетот за да може нормално да функционира.
Според Професорот Славевски сега не е време за промена. Меѓу доходот и богатството има разлика. Поголем месечен доход не значи автоматски дека некој е богат. Тој изјави дека со зголемување на персоналниот данок ќе се зголеми даночната евазија. Тоа ќе ги зголеми трошоците за работа на домашните компании. Ова ќе доведе и до зголемување на иселувањето на младите креативни и успешни луѓе кои благодарение на своите квалитети и знаења имаат поголеми доходи.
Фатмир Битиќи изјави дека во моментов има колебање кај стопанствениците во однос на новите даночни измени. Новите даночни измени создаваат страв поради нетранспарентноста на истите која можеби е и намерна. Стопанствениците се во страв и поради најавите за зголемување на корпоративниот данок кој го најави еден од главните советници на Министерот за Економија. Тој ќе доведе и до зголемувањето на трошоците за работа на домашните компании.
Професорот Славевски изјави дека во случај на промена на даночниот систем некој ќе изгуби, а никој не добива бидејќи зголемувањето на фискалните добивки ќе биде минимално.Според него реформата во даночниот систем и воведувањето на рамниот данок  доведе до редовно плаќање на даноците, а во тоа се се согласи и про

Пронајдете не на следниве мрежи: