СДСМ и Зоран Заев со игнорирањето на илјадниците граѓани кои два месеци мирно протестираа низ Скопје и низ цела Македонија, без ниту еден предизвикан инцидент, испровоцираа крваво сценарио во четвртокот со обидот за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието, без почитување на собранискиот деловник, без почитување на законските процедури и Уставот.Се започна пред две ипол години откако Заев почна да објавува незаконско стекнати прислушувани материјали, а финалната пресметка ја испровоцира со интонирање на албанската химна во македонското Собрание и незаконски обид за избор на претседател на Парламентот, односно поставување на Талат Џафери за спикер.
Целата македонска јавност виде како државниот удар што го изврши СДСМ на 27 април почна со интонирање на албанската химна од страна на Зеќирија Ибраими од говорницата на македонското Собрание. Додека надвор пред Собранието десетици илјади граѓани протестираа против Тиранската платформа за која сметаат дека е опасна за опстанокот на државата, но и против избор на претседател на Собранието кој ја поддржува оваа платформа, внатре во македонскиот парламент пратеникот на Беса излезе на говорница и почнаа да ја пее албанската химна, на која останатите албански пратеници и дел од пратениците на СДСМ застанаа простум.
Скандалот е од невидени размери поради фактот што прво интонирање странски химни во државни институции е кривично дело и второ затоа што провокацијата беше свесно направена за да се предизвикана жестока реакција од луѓето надвор. Пратениците од коалицијата на Зоран Заев, кој им нуди нов живот на граѓаните на Македонија пеејќи ја албанската химна, всушност, повикуваа на „оружена борба за секој агол на татковината“ и се закануваа дека на тие простори немало место за нивните непријатели.
По низата понижувања, навреди, процокации и деградирања, народот зовре и влезе во Собранието. Иако свесни дека надвор пред законодавниот дом се одвива протестот на граѓаните од за заедничка Македонија, тоа не го спречи Заев надвор од деловникот со своите пратеници да избере нелигитимен претседател на Парламентот
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и пред да се случи нелигитимиот избор предупредија дека се подготвува пуч и побараа до своите колеги од Заевата коалиција да не вршат државен удар пред очите ан народот. Во текот на целиот ден пратениците на ВМРО—ДПМНЕ буквално ги молеа СДСМ и останатите да не прават глупости и да не го закрвуваат народот.
Зоран Заев, кој повеќе од две години го закрвуваше народот сега глуми Махатма Ганди, но тој не е и не може да биде тоа, бидејќи Ганди понесе жртва за Индија, а Заев е предавник на Македонија кој ја признава Тиранската палтофрма, која пак е вовед во разнебитување на државата и нејзина можна поделба.
-Очигледната провокација, химната на Албанија интонирана во Македонскиот Парламент и нелегалниот избор на поранешниот терорист за претседател на Македонскиот Парламент, кај мирните демонстранти ја прели чашата. Демонстрантите, спонтано влегоа во парламентот, да ја превземат институцијата во свои раце и да се соочат со своите крвници, со своите предавници, со луѓето што го продадоа својот сопствен народ за грст златници за власт, за интересите на тие што со години ги плаќале. Дали насилството е оправдано и може да се прости? Секако дека не. Но е разбирливо, Гнев, бес, немоќ, кој во Македонците се собира во последните три години, се преточи во спонтани протести и ескалираа со случувањата во народниот парламент. На тоа и сметаа. Само така можеа да го прикријат нелегалното, надвор од деловникот, уставот и законот, устоличување на претседател на парламент, на тој начин се обидоа да го прикријат своето предавство. Но Народот, Македонскиот Народ не се дава, се вели во анализата на словенечкиот сајт „Каварна Хајек“.
Во истата се додава дека секој народ има граница на толеранцијата и која лесно може да дојде до точка, кога сам ќе ги земе работите во свои раце.
-Протестите во Македонија нема да престанат. Македонците нема да дозволат, домашните предавници и туѓите вазали на богаташот со перверзен план за уништување на Европа, да им ја земат нивната држава. Смирување на страстите е можна само со нови предвремени парламентарни избори, на кои граѓаните на Република Македонија ќе се изјаснат дали се за или против Тиранската платформа, пишува „Каварна Хајек“.
Со своите постапки, СДСМ и Заев покажуваат дека нема цена која не прифаќаат да ја платат за да дојдат на власт, иако сето она што тие го прифаќаат во Тиранската платформа значи срозување на македонската држава и македонскиот народ. За Заев и СДСМ не се важни повиците на околу 200 илјади граѓани кои секојдневно протестираат низ цела Македонија, од кои има голем дел и измамени гласачи на СДСМ кои гласот секако не го дале за Заев постизборно да спроведува платформа направена во туѓа држава, за туѓи интереси.
Сепак, она што Заев го ветил, а сега мора да го испорача е главната причина зошто тој и СДСМ остануваат глуви на барањата на македонските граѓани. Што Заев ветил и за колку се подготвени тој и неговите пратеници да ја предадат и продадат Македонија засега е нејасно, но кристално јасно е дека таа цена ќе ја плати македонската држава и македонскиот народ, доколку се дозволи спроведување на Тиранската платформа.
Во таа платформа, постојат точки (прифатени од Заев и СДСМ) за кои било кој не ни смее да помисли да преговара, како што е онаа за отворање на дебата за промена на знамето, химната и грбот. Во истата таа платформа, прифатена од СДСМ, се бара македонскиот народ да се прогласи за геноциден, се загрозува македонскиот јазик преку изедначување со друг јазик кој ќе стане официјален и целосно се нарушува македонскиот суверенитет.
Во платформата прифатена од Заев се бара и решавање на спорот со името, “во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право“, што во превод значи промена на името на државата по грчки терк. Во точката 5 од платформјата се бара усвојување заедничка и обврзувачка Резолуција во Собранието на Република Македонија со која Владата на Република Македонија се обврзува активно да се вклучи кон решавањето на спорот со името.
Исполнувањето на сето ова, како што стои во платформата, “ќе го деблокира патот на Македонија кон целосна интеграција во НАТО и отворање на преговорите за членство во Европската Унија“. Во Македонија нема на кого не му е јасно дека без промена на името на државата, земјата не може да стане членка на НАТО и не може да се започнат преговори за пристап кон ЕУ. Како Заев ова ќе го исполни ако неговата тиранска влада не го промени името на државата?
Ниту јавноста, ниту граѓаните не знаат што точно се крие во таа Тиранска платформа. Многу експерти и политичари предупредуваат дека сето ова што сега се случува и се реализира од страна на СДСМ покажува дека целта е рушење на уставниот поредок на државата со промена на името и идентитетот. За сето ова антимакедонско сценарио на СДСМ почне со реализација потребен е првично избор на претседател на Собранието, за да може да зпаочне спроведување на платформата.
Токму ова е причината зошто на СДСМ и Заев им се брзаше изборот на прв човек на Парламентот, па дури и со насилни сценарија за преземање на Законодавниот дом, со цел што е можно побрзо Заев да почне да го отплаќа долгот кој ќе биде со несогледливи последици кон македонската држава. Токму заради тоа, Заев не може да биде Ганди.Се започна пред две ипол години откако Заев почна да објавува незаконско стекнати прислушувани материјали, а финалната пресметка ја испровоцира со