ВМРО-ДПМНЕ порачува дека СДСМ мора да ја прифати волјата на народот и да престане да води антимакедонска политика и, како што велат, да се пазари со националните и државни интереси само и само да се добере на власт по секоја цена.– Народот на 11 декември не гласаше за реализирање на туѓи платформи, туку за просперитетна Македонија. Граѓаните јасно кажуваат дека тиранската платформа врз која СДС сака да формира влада не смее да се реализира. Народот е против редефинирање и против разнебитување на Македонија. Народот е тој кој ќе спречи двојазичност, менување на химна, менување на знаме на име, народот е тој кој ќе спречи менување на мултиетнички карактер на Македонија и нејзино претворање во бинационална држава со тенденција за федерализација и кантонизација, рече Крсте Јовановски од ВМРо-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.
Тој посочи дека она што Заев го ветувал дома и надвор, не поминува кај граѓаните.
– На сите веќе им е јасно дека криминогеното раководство на СДС, еден ден ќе мора да одговара за ова. Од тоа нема да побегнат со правење на влада врз основа на тиранската платформа, а со сесрдна помош на нарко-мафијашките кланови, спротивно на волјата на народот и спротивно на интересите на Македонија. Нека не се залажува Заев дека Еди Рама, Дитмир Бушати, Хашим Тачи, Зијадин Села и сите останати кои го негираат македонскиот идентитет, можат да го донесат на власт, потенцира Јовановски.
Тој додаде дека Заев не треба да се залажува оти народот ќе ја свитка кичмата ако тој е подготвен да го направи тоа.
– Народот не витка кичма. СДСМ мора да ја прифати волјата на народот, рече Јовановски.– Народот на 11 декември не гласаше за реализирање на туѓи платформи, туку за просперитетна Македонија. Граѓаните јасно кажуваат дека тиранск