Косовскиот Совет за безбедност соопшти денеска дека се откриени неколку поединци и групи, кои имале намера да го дестабилизираат Косово и да извршат напади против некои лидери и политички претставници.Како што пренесуваат косовските медиуми, институциите откриле неколкумина поединци и нивни групи поврзани со организации и лица од други земји, кои имаат за цел да го дестабилизираат Косово и да го загрозат уставниот поредок.
Според соопштението на Советот за безбедност, тие групи имале намера да „извршат дела против некои лидери и политички претставници“.
– Косовските институции преземаат соодветни мерки за заштита на уставниот поредок, безбедноста и одбрана на државните лидери, политичкиот живот и други луѓе кои се загрозени од тие криминални групи, се додава во соопштението.Како што пренесуваат косовските медиуми, институциите откриле неколкумина поединци и нивни групи поврзани со организации и лица од други земји, кои