Услугите од проектот „Општо корисна работа“, кој во Штип се спроведува четврта година по ред, ги искористија 1.800 деца, стари и изнемоштени лица.Вања Џамбазова, советник за образование во општина Штип, изјави дека во рамките на проектот биле ангажирани 13 лица кои им помагале на старите и изнемоштени лица, но биле ангажирани и медицинска сестра во патронажната служба, социјален работник, физиотерапевт за потребите на Центарот за деца со посебни потреби, професор по физичко образование и медицинска сестра за дневниот Центар за деца со ауитизам.
– Услугата од страна на работно ангажираните лица ги добија околу 1.800 крајни корисници и тоа стари и изнемоштени лица, деца со посебни потреби, новороденчиња, мали и училишни деца. За првпат преку овој проект се воведе и веб алатката „Моја општина“, каде што граѓаните можеа да го искажат својот став за соодветно дефинирање на услугите, а преку кој се дизајнираше предлог проектот „Општо корисна работа“, рече Џамбазова.
Таа додаде дека во тек е и обука за негователи на стари и немоќни лица, по што лицата кога ќе ја завршат обуката ќе се стекнат со меѓународен сертификат, со што ќе бидат поконкурентни на пазарот на труд.Вања Џамбазова, советник за образование во општина Штип, изјави дека во рамките на проектот биле ангажирани 13 лица кои им помагале на старите и из